ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје: Цената за вода во Скопје нема да се зголеми

1 min read

ЈП Водовод и канализација Скопје најостро ја осуди и демантира веста за зголемување на цената на водата во Скопје.

– Имено во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во 2022 година. Околу евентуалната промена на цената на водните услуги надлежни се Регулаторна комисија за енергетика и Советот на Град Скопје како основач на претпријатието, при што ЈП Водовод и канализација – Скопје ниту донело нови тарифи, ниту истото го има побарано од Советот на Град Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје инфомира дека не побарало зголемување на цената на водата во Скопје, ниту е тоа во план на претпријатието во тековната година.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Ердоган во Истанбул се состана со членовите на Претседателството на БиХ

Следно

Полска ѝ ги испорача првите тенкови „леопард“ на Украина

Latest from Blog