Ердоган: „Владата на Нетанјаху излезе од контрола поради безусловната поддршка на Западот“

May 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Единствена цел на Туркије во прекинот на трговијата со Израел е да се присили Тел Авив да прогласи прекин на огнот во Појасот Газа, изјави вчера претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Наша единствена цел е да ја присилиме на прекин на огнот Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, која излезе од контрола поради безусловната поддршка на Западот“, рече Ердоган во своето обраќање пред членовите на Здружението на независни индустријалци и бизнисмени во Истанбул.

Ердоган ја коментираше и одлуката што во четвртокот ја објави Министерството за трговија на Туркије дека Анкара ги запрела сите извозни и увозни активности со Израел поради агресијата врз Палестина.

Уште еднаш критикувајќи ги западните држави поради поддршката на Владата на Нетанјаху, Ердоган порача дека очекува дека овие земји силно ќе ја критикуваат Туркије поради нејзината одлука.

„Свесни сме дека Западот ќе нѐ нападне поради нашите трговски ограничувања кон Израел“, рече турскиот претседател.

Напоменувајќи дека сепак Туркије ќе биде пример и за другите земји во регионот, Ердоган додаде:

„Кога ќе се постигне прекин на огнот и ќе се овозможи испорака на доволно количество помош во Газа, нашата цел ќе биде исполнета. Туркије ќе биде пример и за другите земји.“

На крајот од својот говор Ердоган повика на воздржаност и смиреност во регионот.

„Не тежнееме кон непријателство или судири со ниту една земја во нашиот регион. Не сакаме да гледаме судири, крв и солзи на нашето географско подрачје“, порача Еродган.

Претседателот на Туркије претходно во петокот информираше дека неговата Влада ја прекинала сета трговија на Туркије со Израел, која изнесува околу 9,5 милијарди долари (8,82 милијарди евра) годишно.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд

Следно

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Latest from Blog

ЛШ плеј-оф: Серафимов и Левски одиграа 0:0 против АЕК, и Динамо Загреб и Фенер без победа на свој терен!

ФОТО:facebook.com/levskiofficial/ Вечерва се одиграа првите три меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. За нас секако најинтересни беа случувањата во Софија каде во првиот дуел силите ги одмерија Левски и

Младите пијат сè помалку алкохол (како не им е срам) – Што велат трендовите во Македонија

Светските медиуми имаат нова омилена рубрика за „трач“ вести, поврзани со пијачките навики или недостигот од нив на младата популација, пред се од т.н. Генерација Зет. Натписите понекогаш се преувеличени, односно дека

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците
Go toTop