Јапонскиот премиер: Со свои очи ја видов руската агресија во Украина

1 min read

ТОКИО (АА) – Јапонскиот премиер Фумио Кишида ја истакна важноста на редот заснован врз владеењето на правото, потсетувајќи на неговата минатонеделна посета на Украина, каде што Русија продолжува со нападите, јавува Анадолу.

Кишида зборуваше за руско-украинската криза во видеопораката што ја прати на „Вториот самит за демократија“ организиран под покровителство на САД, Костарика, Холандија, Јужна Кореја и Замбија.

Ветувајќи дека ќе го преземе водството во заштитата и зајакнувањето на меѓународниот поредок заснован врз владеењето на правото како претседавач на Г7, Кишида потсети на тоа што го видел во Украина минатата недела.

„Со свои очи видов докази за агресијата на Русија и слушнав директно од оние што ги доживеаја овие злосторства“, рече Кишида.

Во својата порака јапонскиот премиер вети дека неговата земја ќе игра улога во обуката на повеќе од 1.500 судии и административни службеници од различни земји и региони, особено од Азија.

Самитот на лидерите на Г7, чиј домаќин е Јапонија, ќе се одржи во мај во југозападниот град Хирошима.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

УНИВЕРЗИТЕТИТЕ „КОДАРТС“ И „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ НАГРАДЕНИ СО МЕНАДА ОД 19. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Следно

Стефковски бара Град Скопје да ги врати старите имиња на улиците во Гази Баба

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за