Извештај на Комитетот за заштита на новинарите: Во 2022 година се убиени 67 медиумски работници

January 25, 2023
1 min read

Најмалку 67 медиумски работници се убиени ширум светот во 2022 година, што е најголем број од 2018 година, а повеќе од половина, односно 35 од 67 убиства, се случиле само во три земји: Украина, Мексико и Хаити

ФОТО: EPA-EFE/JOSE LUIS DE LA CRUZ

Бројот на убиства на новинари ширум светот е зголемен за 50 отсто во 2022 година во споредба со претходната година, главно предизвикан од нападите во Украина, Мексико и Хаити.

Најмалку 67 медиумски работници се убиени ширум светот во 2022 година, што е најголем број од 2018 година, според извештајот од 24 јануари на Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) со седиште во Њујорк.

Најмалку 41 од нив биле убиени додека ја извршувале нивната работа, додека се уште се истражуваат мотивите за другите 26.

Во извештајот се забележа дека повеќе од половина, односно 35 од 67 убиства се случиле само во три земји: Украина, Мексико и Хаити.

Новинарите во тие три земји велат дека зголемената опасност ги натерала да работат под голем стрес.

Во Украина убиени се 15 медиумски работници, во Мексико 13, а на Хаити седум.

Новинарите во тие три земји велат дека зголемената опасност ги натерала да работат под голем стрес.

На Хаити, некои се загинати од улични банди, а најмалку двајца новинари се застрелани од полицијата.

„Известувањето на Хаити во денешно време е исклучително тешко за новинарите, особено во главниот град. Корупцијата е насекаде, нема никој на кој можете да сметате“,

изјави новинарот на Радио Караибес, Мекенсон Реми.

ЦПЈ наведува дека новинарите во Украина се соочуваат со огромен ризик. Медиумските работници често се повредени од гранатирање додека известуваат за конфликтот, а некои биле мета на руските сили.

Убиствата во Мексико се поминуваат со неказнивост, како убиството на фоторепортерот од Тихуана, Маргарито Мартинез, на 17 јануари 2022 година, а само пет дена подоцна следеше убиството на Лурд Малдонадо Лопез.

„Тие кои ги нарачаа убиствата никогаш не беа уапсени, испраќајќи ја пораката дека секој може да дојде наоколу и да ве убие за 1 000 долари“,

се наведува во извештајот на ЦПЈ.

Во документот се наведува и убиството на истражувачкиот новинар од Лас Вегас, Џеф Герман, кој беше избоден до смрт пред својот дом на 2 септември, наводно од локалниот политичар кој го истражуваше Герман.

ЦПЈ ја нотира и смртта на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех на „Ал Џезеира“, која беше застрелана од израелски војник додека известуваше за напад на израелската војска во Џенин, Западниот Брег.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Екипи на „Водовод“ интервенираа на неколку локации во градот

Следно

Оштетени штедачи на ЕСБ: Дали за грабеж на банка во земјава веќе не се одговара!?

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop