Израелски министер повика на враќање на политиката на атентати врз палестинските лидери

February 27, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, денес повика на продолжување на политиката на атентати врз лидерите на палестинските фракции, јавува Анадолу.

Бен-Гвир, лидерот на екстремно десничарската партија Еврејска сила, го упати повикот за време на партискиот состанок одржан во еврејската населба Авитар во близина на градот Наблус на Западниот Брег.

„Време е за враќање на заканите и елиминација на лидерите на [палестинските] групите“, рече Бен-Гвир.

Израелскиот министер истакна дека е решен да ја легализира населбата Авитар, додавајќи дека разговарал со премиерот Бенјамин Нетанјаху за да им дозволи на семејствата да останат во населбата.

Израелскиот суд нареди напуштање на населбата Авитар бидејќи е изградена на палестинска земја.

Вчера, израелски доселеници нападнаа Палестинци во градот Хувара во близина на Наблус, и вандализираа неколку куќи и автомобили. Насилството се случи откако двајца еврејски доселеници беа убиени во напад со огнено оружје во близина на градот.

Според палестинските податоци, од почетокот на оваа година, од израелските сили убиени се најмалку 62 Палестинци.

Во средата, израелските сили убија 11 Палестинци за време на воен упад во Наблус во период на зголемени тензии низ палестинските територии.

Израелските и палестинските проценки покажуваат дека има околу 650.000 еврејски доселеници кои живеат во 164 населби и 116 селца на окупираниот Западен Брег.

Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираните територии се сметаат за нелегални.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: „Заштитете го вашиот град, никогаш трајно не напуштајте ја својата татковина“

Следно

Ѓорѓиевски: Продолжуваме секој ден да ја унапредуваме Кисела Вода

Latest from Blog

Шампионот на Шведска се откажа од Европа

Шведскиот ракометен шампион, Истад, нема да настапува следната сезона во евро-куповите, а причината се големите финансиски долгови на клубот. Информацијата ја потврдија и клупски претставници, кои велат дека одлуката е тешка и

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција
Go toTop