Ѓорѓиевски: Продолжуваме секој ден да ја унапредуваме Кисела Вода

1 min read

Денеска, нов асфалт добиваат краците од ул. ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Марко Орешковиќ”. Станува збор за фрекфентни улици со површина од околу 2500 м2 на кои одамна не е интервенирано, а жителите секојдневно ги користат за извршување на своите секојдневни обврски.

– Пред сѐ, сакам искрено да се заблагодарам на мојот народ за трпението и разбирањето во изминатиот период додека овие краци беа во фаза на реконструкција. Свесен сум дека работните активности додаваа дополнителна доза на нетрпеливост, но крајот од денот сѐ се заврши добро и во иднина нема да ги имаат проблемите од минатото, информира Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски кажа дека тука нема да застанат, туку заложбите за модерна и напредна општина продолжуваат и понатаму.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Израелски министер повика на враќање на политиката на атентати врз палестинските лидери

Следно

Хил во пресрет на средбата меѓу Вучиќ и Курти во Брисел вели дека не очекува брзи резултати

Latest from Blog