Израелската војска бомбардираше бегалски камп во Газа, убиени 20 Палестинци

May 19, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 20 Палестинци се убиени, а десетици се ранети во бомбардирањето на израелската војска на населено подрачје во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека израелската војска извршила бомбардирање на населено подрачје во бегалскиот камп.

Во израелскиот напад се убиени најмалку 20 Палестинци, воглавно деца и жени, а на десетици се повредени.

Здравствени извори објавија дека во првите часови по бомбардирањето екипите на Итната помош и Цивилната заштита стигнале до телата на 20 убиени Палестинци, а во тек се напори за извлекување и на луѓето заглавени под урнатините.

Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Во израелските напади на Појасот Газа се убиени над 35.386 Палестинци, воглавно деца и жени, а 79.366 се повреди во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства за живот.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јарецот да не покажува прекумерни амбиции, Девицата да биде внимателна

Следно

Судот во Лондон утре одлучува за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop