Изградбата на спортскиот центар „Иван Илиев“ во Стајковци е во завршна фаза

1 min read

Градежните работи за изградба на Спортскиот центар „Иван Илиев“ во Стајковци влегуваат во завршна фаза.

Градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Стајковци каде што изврши увид на градежните работи за изградба на спортскиот центар „Иван Илиев“.

Во рамки на спортскиот комплекс се гради нов спортски терен за кошарка, додека комплетно се изврши реконструкција на игралиштето за мал фудбал на кое се постави подлога од вештачка трева. Дополнително се изгради ново детско катче кое е во склоп на спортскиот центар.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

„Со СДС народната кадија те тужи, кадија ти суди, стана син те тужи, ќерка ти суди, нема функционер од власта без роднина на списокот за нови судии и обвинители“

Следно

Туркије: Во рамки на истрагата за уривање на зградите по земјотресот приведени 171 лице

Latest from Blog