Туркије: Во рамки на истрагата за уривање на зградите по земјотресот приведени 171 лице

February 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за правда на Република Туркије, Бекир Боздаг, изјави дека 171 лице се приведени во рамките на опсежната истрага започната за уривањето на бројни згради по разорните земјотреси што на 6 февруари ги погодија јужните региони на земјата со епицентар во Кахраманмараш, пренесува Анадолу.

Боздаг за ТВ каналот „Си-ен-ен Турк“ (CNN Turk) од Дијарбакир изјави дека цела Туркије е мобилизирана по земјотресот и дека највисоките претставници на државата ги посетиле погодените региони.

Тој истакна дека Државното обвинителство води истрага за уривањето на зградите и дека се работи на откривањето докази за сите одговорни лица.

„Во рамки на истрагите за земјотресот досега се преземени правни дејствија против 583 осомничени лица, издадени се налози за апсење за 171 лице, издадени се одлуки за судски контроли за 197 лица“, рече Боздаг.

Тој нагласи дека се работи на откривање на одговорноста на сите, од изведувачот до сопственикот на објектот, инспекторите, работниците и мајсторите.

„Засега гледаме дека од 171 приведено лице, 78 се изведувачи на работите, а 64 се надзорници, 11 се сопственици на згради, а 18 се лица кои извршиле измени на зградите“, рече турскиот министер за правда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изградбата на спортскиот центар „Иван Илиев“ во Стајковци е во завршна фаза

Следно

САД испраќаат дополнителни две милијарди долари безбедносна помош за Украина

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Ги отвораме вратите за нови инвестиции и економско поврзување со Шведска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Сулстром, на која било разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји. Како што информира Димитриеска-Кочоска, фокусот

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре

Португалската федерација ќе се обиде да се смири со Роналдо

Заминувањето на Кристијано Роналдо од кампот на португалската репрезентација е главна тема во земјата, но и во фудбалска Европа. Фудбалската федерација на Португалија не сака соработката со еден од најголемите играчи во
Go toTop