Изготвена проектна документација за изградба на фекална канализација на дел од Илинден

1 min read

Во рамки на Проектот за изградба на фекална канализација во општина Илинден се продолжи со активностите за изготвување на проектна документација за делови од населените места кои не беа опфатени со техничка документација за изградба на фекална канализација.

За таа цел денес се изврши презентација на техничката документација за изградба на фекална канализација за дел од н. Илинден, поточно месноста викана Плац на влезот во општина Илинден.

Презентацијата беше извршена од страна на овластени проектанти кои пред градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници од општинската администрација и ЈКП ,,Водовод”- Илинден.

Градоначалникот Георгиевски детално се запозна со должината на колекторскиот систем кој изнесува 4.200 метри со кои ќе бидат опфатени повеќе од 400 домаќинства кои ќе бидат поврзани во колекторскиот систем за одведување на отпадни фекални води за населените места Илинден и Марино.

Со изготвувањето на документацијата се создадени услови за распишување на набавка за избор на изведувач и надзорен орган на градежните работи на терен.

Со овој проект целосно ќе бидат зафатени отпадните води кои се вливаат во главниот одводен канал кој минува центарлно низ населените места Илинден и Марино.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Џо Бајден и Риши Сунак се состанаа во Белфаст

Следно

Рјабков: САД можеби сакаат да ја измамат Русија

Latest from Blog