Изгоре осумкатница во Измир, пожарот ставен под контрола

1 min read

ИЗМИР (АА)

Пожарот избувна во една осумкатница во местото Нарлидере во областа Измир. По осумчасовна борба со огнот, пожарот е ставен под контрола. Се истражува причината за избувнување на пожарот, известува Анадолу.

Во 22 часот по локално време, пожар избувна во осумкатна зграда во квартот Јенимахале. Противпожарните екипи, екипите на Регионалната управа за шумарство и на обласната полициска станица со прскалки од земја и со противпожарен хеликоптер од воздух го гаснеа распламтениот оган.

Пожарот е ставен под контрола по околу 8 часа. Екипите продолжуваат да работат на ладење на објектот.

Екипите на Итната медицинска помош однесоа во болница едно лице погодено од чадот, а лекувањето на други пет лица повредени е извршено во амбуланта.

Се дознава дека лицето што е пренесено во болница не е во животна опасност.

Пожарникарите при гаснењето на пожарот спасиле мачка и куче заробени во зградата.

– Становите се во неупотреблива состојба

Јавниот обвинител и началникот на полицијата на Нарлидере, Саваш Шимшек, ја истражи зградата во која пожарникарите продолжуваат да работат на ладење на објектот со прскање вода меѓу катовите и внатре во становите.

Полициските истражни екипи вршат увид за утврдување на причините за избувнување на пожарот.

По пожарот, осумкатницата е тешко оштетена, а становите се неупотребливи.

Од друга страна, додека станарите љубопитно ги следат активностите, загрижени за состојбата на нивните домови, некои од нив не можеа да ги задржат солзите.

– За пожарот

Синоќа околу 22 часот по локално време избувна пожар во осумкатна зграда во квартот Јеникале во местото Нарлидере. По пријавата за пожар, на самото место се упатени противпожарни екипи, екипи на Регионалната управа за шумарство и на обласната полициска станица, како и на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и на Националниот медицински спасувачки тим (НМСТ).

Од зградата во која одвреме-навреме се слушале експлозии, станарите што се наоѓале во неа биле евакуирани од спасувачките и противпожарните екипи.

Главното јавно обвинителство на Измир започна истрага во врска со пожарот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Бугарски медиуми: Убиен македонски државјанин со кол во Сончев Брег, осомничен е 14-годишник

Следно

Доколку дојде до неисполнување на проектот за модерно Скопје, товарот нема да е кај мене, вели Арсовска

Latest from Blog