Исчезна хеликоптерот во кој бил потпретседателот на Малави

June 11, 2024
1 min read

ЛИЛОНГВЕ (АА) – Малавискиот воен хеликоптер со потпретседателот на земјата Саулос Чилима и уште осум лица исчезна вчера, соопшти Владата, јавува Анадолу.

Саулос Чилима требаше да присуствува на погребот на поранешниот министер за правда Ралф Касамбара и патуваше со хеликоптер од главниот град Лилонгве кога исчезна од радарот за време на летот на северот на земјата.

„Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера, го откажа планираното патување во странство и им нареди на регионалните и националните агенции да ги интензивираат операциите за пребарување и спасување“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Во последните години во хеликоптерски несреќи загинаа повеќе официјални претставници, вклучително и неодамнешната несреќа во која загинаа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговата делегација. Неодамна во слична несреќа загина кенискиот генерал Френсис Огола.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Викнете го Клинтон“ – Деца, улици и фирми со имиња на личности заслужни за Косово

Следно

Ердоган и Алиев разговараа за израелските масакри во Газа и за други теми

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop