Ердоган и Алиев разговараа за израелските масакри во Газа и за други теми

June 11, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателите на Република Туркије и Азербејџан, Реџеп Таип Ердоган и Илахам Алиев, вчера во Анкара разговараа за масакрите што Израел ги изврши во Газа, за градежните активности во ослободените азербејџански региони Карабах, како и за регионалните и глобалните прашања, известува Анадолу.

Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство соопшти дека Ердоган и Алиев се состанале во претседателската палата во Анкара.

„За време на средбата претседателот Ердоган изјавил дека Туркије го следи процесот на заминување на руските мировни сили од Карабах и дека со почит ги следи активностите за изградба и обновување на азербејџанските територии ослободени од ерменска окупација“, се вели во соопштението.

Нагласувајќи дека геноцидната практика на Израел во палестинските региони, особено во Газа, продолжува и дека Израел со овие злосторства ја загрозува и регионалната и глобалната безбедност, Ердоган истакнал дека трајно решение е формирање палестинска држава со Источен Ал Кудс (Ерусалим) за нејзин главен град.

Претседателот на Туркије додаде дека меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Израел да го придвижи процесот во таа насока.

Ердоган ја поздрави одлуката на азербејџанскиот Парламент за формирање Меѓупарламентарна група за пријателство со Турската Република Северен Кипар, како и поканата до претседателот на Северен Кипар, Ерсин Татар, на Самитот на Организацијата на турските држави, кој ќе се одржи во Шуша во јули.

Изразувајќи благодарност до Алиев за поканата за климатскиот самит што се одржува во Азербејџан, Ердоган изјави дека Туркије ќе обезбеди секаква поддршка во текот на подготвителниот процес.

Ердоган најави дека на самитот ќе се одржат значајни настани во рамките на проектот „Нула отпад“, кој се спроведува под покровителство на неговата сопруга Емине Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исчезна хеликоптерот во кој бил потпретседателот на Малави

Следно

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop