Иран се надева на нормализирање на односите со Саудиска Арабија

January 13, 2023
1 min read

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави денеска во Бејрут дека се надева на нормализирање на односите со Саудиска Арабија, што ќе овозможи повторно отворање на амбасадите на двете регионални сили кои се затворени веќе седум години.

Дијалогот меѓу шиитскиот Иран и сунитската Саудиска Арабија започна во Багдад, а последната средба се одржа во април 2022 година. Иранскиот министер потоа накратко се сретна со својот саудиски колега на регионален состанок во Јордан во декември 2022 година.

– Позитивно гледаме на враќањето на нормалните односи со Саудиска Арабија што ќе доведе до повторно отворање на претставништвата и амбасадите во Техеран и Ријад, во рамките на дијалогот меѓу двете земји, кој треба да продолжи, рече Абдолахиан на прес-конференција.

Изјавите на министерот, кој пристигна во Бејрут синоќа се дадени во време кога Иран, потресен од бран протести, ги обвинува своите „непријатели“, предводени од САД, за поттикнување на протестите и ја истакнува улогата на Саудиска Арабија во финансирање на „непријателски“ весници на персиски јазик во странство.

Во ноември Техеран го повика Ријад да го промени своето „непријателско“ однесување и им се закани на соседите на Иран, вклучително и Саудиска Арабија, да одговорат на секој обид за дестабилизација на земјата.

Двете земји ги прекинаа односите пред седум години, по нападите врз саудиските дипломатски претставништва во Исламската Република, откако Ријад погуби истакнат шиитски верски водач.

Техеран и Ријад ги поддржуваат ривалските страни во неколку конфликти во регионот, вклучително и во Јемен. Иран има поголемо влијание во Ирак и Либан и го поддржува режимот на претседателот Башар ал Асад во Сирија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МВР распиша меѓународна потерница по избеганиот затвореник Беким Мемети

Следно

Мицкоски во Кичево: Народот бара промени, нема човек кој е задоволен од оваа влада- Промените ќе дојдат и ние заедно ќе се избориме

Latest from Blog

Пет клуба од Македонија пријавија учество во ЦЕВ Европските купови

Македонската клупска одбојка како никогаш досега ќе биде застапена на европска сцена следната сезона, откако дури пет клуба аплицираа за настап во ЦЕВ Европските клупски купови. Двата најдобри колективи во машка конкуренција,

Сто дена од трагедијата во Кочани: Политика наместо одговорност

Во нивната објава се наведува дека, наместо итно и соодветно делување, Собранието си земало двонеделна пауза по трагедијата, иако, според Уставот, е во постојано заседание. Надзорната расправа за случајот била изгласана дури

Над 13 илјади странци вработени во Албанија

Развојот на различните сектори на економијата и зголемената побарувачката за работна сила ја направија Албанија привлечна за странските работници. Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и
Go toTop