И денеска дојави за бомби во школи во Скопје

1 min read

До 9:30 часот, во полиција е пријавено дека дојави се пристигнати во 14 училишта

Дојавите за поставени бомби во училишта продолжија и денеска.

Утрово, до 9:30 часот во Министерството за внатрешни работи е пријавено дека закани пристигнале на електронските адреси на 14 школи во Скопје.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,

велат од МВР.

Вчера рекорден број училишта беа опфатени со дојавите за бомби. Ги имаше во 86 школи, една градинка и во Заводот за рехабилитација во Скопје, како и во едно училиште во Прилеп. По проверките, за сите беше утврдено дека се лажни.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Еквадор бетонира со кокаин

Следно

Русија тврди дека Украина подготвува „воени провокации“ во Транснистрија

Latest from Blog