Гувернерот на Флорида влегува во трката за претседател на САД

May 18, 2023
1 min read

Де Сантис е можеби најмоќната закана за напорите на Трамп да ја добие републиканската номинација за трет мандат во 2024 година

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Де Сантис (44), следната недела официјално ќе влезе во трката за претседател на САД во 2024 година, објави „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори, пренесува Ал Џезира.

Де Сантис најверојатно ќе поднесе документи за да ја објави својата кандидатура на 25 мај, што се совпаѓа со состанокот на донаторите во Мајами.

Во поканата за настанот на 25 мај се вели дека донаторите ќе бидат ставени на „работа“, што е очигледна алузија на собирање пари за Де Сантис, посочува извор запознаен со настанот.

Де Сантис е можеби најмоќната закана за напорите на Трамп да ја добие републиканската номинација за трет мандат во 2024 година.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека тој е во најдобра позиција меѓу републиканците за дуел со поранешниот претседател Трамп, кој веќе ја објави својата кандидатура.

Трамп ги засили своите политички напади врз гувернерот на Флорида во последниве недели и го задржа водството на републиканските прелиминарни избори во 2024 година, покажува неодамнешната анкета на Ројтерс/Ипсос.

Де Сантис студирал на елитните универзитети „Јеjл“ и „Харвард“. Покрај тоа, тој бил во американската морнарица и учествувал во воената интервенција во Ирак.

Де Сантис работел како федерален обвинител, а во американскиот Конгрес по првпат влегол во 2012 година, како американски претставник за Шестата област на Флорида. Тој првпат стана гувернер на Флорида во 2018 година, а беше реизбран во ноември минатата година.

Фото: EPA-EFE/Maya Alleruzzo

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Врховниот суд на САД го одби барањето за укинување на забраната за продажба на оружје во Илиноис

Следно

Ќерката на Пеп си поигра со навивачите на Реал Мадрид

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop