Гутереш: Ќе биде добро ако ОН можат да користат повеќе гранични премини за испраќање помош во Сирија

February 9, 2023
1 min read

Многу хуманитарни агенции надвор од ОН веќе испорачуваат помош преку други премини. Ќе бидам многу среќен ако, за ОН, има можност тоа да се направи на што повеќе премини, рече Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на повеќе рути за испраќање хуманитарна помош од Турција до северозападна Сирија, додавајќи дека би бил многу среќен доколку ОН можат да користат повеќе од еден граничен премин за испраќање помош на жртвите од земјотресот што го погоди регионот оваа недела.

Гутереш рече дека сега е време да се истражат сите можни начини за испраќање помош и персонал во областа погодена од земјотресот.

Најмалку 20 000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија.

„Многу хуманитарни агенции надвор од ОН веќе испорачуваат помош преку други премини. Ќе бидам многу среќен ако, за ОН, има можност тоа да се направи на што повеќе премини“,

рече Гутереш.

Денеска од ОН соопштија дека конвојот за прва помош на Обединетите нации по земјотресот пристигна во северозападна Сирија.

Како што се наведува во соопштението, на преминот Баб ал Хава влегла помош од Турција, која заедно со Сирија претрпе разорен земјотрес.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека шест камиони испратиле душеци, ќебиња, шатори, опрема за прва помош и соларни светилки за околу 5 000 луѓе.

Хуманитарна помош за бунтовничките области во Сирија се испраќа од Турција преку Баб ал Хава, а турските власти најавија дека работат на отворање на уште два гранични премини.

Во областа контролирана од сириската влада, авиони со хуманитарна помош слетуваат во Дамаск, Алепо и Латакија. Помошта почна да пристигнува и од Обединетите Арапски Емирати, Русија и Иран.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Борко Ристовски открива: Кој сака да ги уништи ФК и РК Вардар?

Следно

Десетгодишно девојче пронајдено живо под урнатините 90 часа по земјотресот во Турција

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop