Десетгодишно девојче пронајдено живо под урнатините 90 часа по земјотресот во Турција

February 10, 2023
1 min read

Спасувачки тим од Анталија слушнал „звук под урнатините“ и го спасил девојчето по седум часа работа. Девојчето било пренесено во болница за укажување лекарска помош

Десетгодишно девојче е пронајдено живо деведесет часа по земјотресот што во понеделникот ја погоди Турција, соопштија спасувачки тимови. Според соопштение, првото нешто што девојчето го побарало откако било спасено било млеко. Таа била заробена под урнатините на зграда во провинцијата Хатај, јавија турски медиуми.

Спасувачки тим од Анталија слушнал „звук под урнатините“ и го спасил девојчето по седум часа работа. Девојчето било пренесено во болница за укажување лекарска помош.

Спасувачите се уште работат и по речиси 100 часа по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, каде загинаа најмалку 21 000 луѓе.

Во Турција, најмалку 17 674 луѓе загинаа, а 72 879 други се повредени. Во земјотресот загинаа најмалку 3 377 луѓе во соседна Сирија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гутереш: Ќе биде добро ако ОН можат да користат повеќе гранични премини за испраќање помош во Сирија

Следно

Над 21.000 загинати во Турција и Сирија, живи луѓе се извлекуваат и по 90 часа под урнатините

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop