За време на истекување на хемикалии во фабрика за восок во источна Германија, еден работник загина, а четири лица беа повредени, вклучувајќи двајца медицински работници.
Инцидентот се случил рано утрово во фабриката „Ромонта“ во Амсдорф, во покраината Саксонија-Анхалт, објавува „Билд“.
Полицијата изјави дека опасни супстанции истекувале за време на техничка работа во просторијата за производство на восок.
Извор: tv21