Германија ги почнува подготовките за ЕУРО2024 против Белгија и Перу

January 27, 2023
1 min read

Германија, која како домаќин по автоматизам обезбеди пласман на ЕУРО2024, ќе ги почне 15 – месечните подготовки во март со вкупно 12 контролни натпревари, а воведните два ќе ги одигра против Перу и Белгија.

Како што денеска објави Фудбалската федерација на Германија, избраниците на селекторот Ханси Флик на 25 март ќе му бидат домаќини на Перу во Мајнц, а три денови подоцна на домашен терен ќе играат против Белгија во Келн, еден од десетте градови домаќини на ЕУРО 2024.

Германија во историјата само еднаш беше домаќин на Европско првенство – во 1988 година.

„Се радуваме на овој турнир и сакаме да составиме екипа која игра фудбал на атрактивен начин, со страст, ентузијазам и гордост за Германија“, изјави германскиот селектор Ханси Флик.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Слаб снег на дел од патиштата, застои нема

Следно

СЗО објави ажуриран список на лекови кои треба да се подготват во случај на нуклеарен напад

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop