Фудбалски скандал со обложување во Италија – пристигнаа строги казни

October 3, 2025
1 min read

Напаѓачот на Бари, Џузепе Сибили (29), е обвинет за обложување на натпреварите на својот тим и се соочува со 16-месечна забрана за активно играње фудбал. Дополнително, тој ќе мора да плати и парична казна.

Сибили беше редовен играч во новата сезона, играјќи шест натпревари за Бари во сите натпреварувања, а сега ќе биде надвор од тимот до крајот на сезоната.

Враќањето на Сибили на теренот не се очекува до почетокот на 2027 година.

Секако, фудбалерот има право на жалба, но во такви ситуации казните се јасни, а италијанските медиуми пишуваат дека напаѓачот на Бари можел само да ја намали казната, но не и 16-месечната суспензија.

Џузепе Сибили пристигна ова лето на позајмица од Сампдорија, а пред Бари и Сампдорија го носеше дресот на Пиза и Албинолефе.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Џевдет Хајредини иронизира со АКИ: Дале БЕСА оние што не зборуваат меѓу себе!

Следно

Пукотница во центарот на Атина- рането едно лице, полицијата трага по извршителите

Latest from Blog

Тикток препорачува порносодржини на детски профили

Алгоритамот на Тикток препорачува порнографија и високо сексуализирана содржина на детските профили. Тоа се наведува во новиот извештај на истражувачите од групата за кампањата „Глобален сведок“ (Global Witness) за човекови права. Како

Ѓорѓиевски најавува проширување на булеварот „Цветан Димов“ и нова катна гаража во Чаир

Во општина Чаир денеска беа претставени крупни инфраструктурни проекти кои имаат за цел да го решат хроничниот сообраќаен хаос и да обезбедат подобри услови за граѓаните. Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце

Почина Патрик Мареј од „Сплетки“

Мареј го глумеше Мики Пирс – досетливиот и духовит криумчар и пријател на главните ликови Дерек – „Дел Бој“ и Родни Тротер во хумористичната серија. Тој, всушност, беше подложен на операција и
Go toTop