Трагедијата која што се случи во ноќниот клуб „Ле Констелашн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што избувна пожар и каде што загинаа десетици туристи повреди и еден фудбалер. Во прашање е Тахирис Дос Сантос, 19. годишниот играч на тимот на француски Мец.
Во катастрофата засега загинаа најмалку 47 лица, а најмалку 115 се повредени. Младиот и талентиран фудбалер е дел од оние кои за жал не успеале на време да се спасат од огнената стихија и од чадот кој што истиот го предизвикал и е сериозно повреден.
Според „Екип“, младиот играч поминал неколку дена на одмор во планините со пријатели, престојувајќи во една од нивните колиби. Тој требало да продолжи со тренинзите во понеделник.
Извор: vecer.mk


