Франција: Ѓубрето натрупано во Париз поради штрајк го загрозува здравјето на луѓето

March 13, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Министерот за јавна потрошувачка на Франција, Габриел Атал, изјави дека ѓубрето натрупано во престолнината Париз поради штрајкот на комуналните работници претставува сериозен проблем за безбедноста и здравјето на луѓето, пренесува Анадолу.

Францускиот телевизиски канал БФМТВ објави дека министерот Атал истакнал дека го почитува правото на штрајк, но додал дека сепак натрупаното ѓубре во главниот град Париз претставува голем проблем.

Атал додал дека е потребно да се преземат мерки, напоменувајќи дека би можело да се воведе мерката „принудно враќање на работа“.

Според таа мерка, вработените можат да бидат принудени да се вратат на работа во случај на „штрајк кој сериозно го нарушува давањето на јавни услуги“.

Вработените кои ќе се спротивстават на тоа можат да добијат затворска казна до 6 месеци и парична казна од 10.000 евра.

Француските медиуми информираа дека во Париз досега се натрупани околу 5.400 тони ѓубре.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА ЈАПОНСКИОТ ПИСАТЕЛ И НОБЕЛОВЕЦ КЕНЗАБУРО ОЕ

Следно

Ново детско игралиште во Скопје – Север

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop