(ФОТОГАЛЕРИЈА) Македонските ракометари убедливо поразени и од Аргентина, ќе играат за пласман од 25. до 32. место 

January 17, 2023
1 min read

Надежите за пласман во натамошната фаза од натпреварувањето почнаа да спласнуваат уште по првото полувреме кое Аргентинците го добија со 18:11, а во второто продолжија без проблем да ја одржуваат високата предност, приведувајќи го мечот кон сигурна победа со конечен резултат од 35:26

Македонската ракометна репрезентација го заврши своето учество во Ф-групата на Светското првенство, откако по трите одиграни меча не успеа да освои ниту еден бод.  

Филип Талесеки со пет гола беше најефикасен кај „црвено-жолтите“/Фото: МИА

Избраниците на селекторот Кире Лазаров вечерва во Краков убедливо загубија од Аргентина со резултат од 35:26. 

Вечерашниот натпревар одлучуваше која ќе биде третата репрезентација од Ф-групата која ќе продолжи понатаму во Главната групна фаза на Светското првенство во ракомет што се одржува во Полска.  

Македонските ракометари на теренот не одиграа ништо празлично од претходните дуели со Норвешка и Холандија и покрај најавите дека по двата убедливи пораза имаат сили за позитивен резултат.  

Надежите за пласман во натамошната фаза од натпреварувањето почнаа да спласнуваат уште по првото полувреме кое Аргентинците го добија со 18:11, а во второто продолжија без проблем да ја одржуваат високата предност, приведувајќи го мечот кон сигурна победа. 

Филип Талески со пет, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски со по четири погодоци беа најефикасни во македонскиот тим, додека Диего Симонет со осум гола се истакна кај Аргентинците. 

Во дербито на групата вечерва од 20:30 часот се среќаваат Норвешка и Холандија, двете селекции кои заедно со Аргентина одат во Главната групна фаза. 

Нашата репрезентација ќе разигрува за пласман од 25 – 32. место во т.н. Пезидент куп. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Инферно“ во февруари во Велешки театар, Пројковски ја посвети на Томаж Пандур

Следно

Груби му одговори на Бејта: Му посакувам здравје!

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop