ФЕРОИНВЕСТ беше спонзор на престижниот интернационален натпревар во латиноамерикански и стандардни танци, кој викендов се одржа во Скопје под покровителство на Светската федерација за спортски танц (World DanceSport Federation – WDSF).
Настанот, во организација на танцовиот клуб „Ритам Плус“, собра натпреварувачи и судии од Македонија, Србија, Турција, Австрија, Грција, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Италија. Меѓународниот карактер и високите стандарди го вброија овој натпревар меѓу најзначајните танцови настани во регионот.

Натпреварот се одржа во спортската сала „Јане Сандански“, каде публиката имаше можност да ужива во настапите на врвни танчари и да биде дел од незаборавна вечер исполнета со енергија, емоции и танцова уметност.
ФЕРОИНВЕСТ и овој пат ја потврди својата определба за општествена одговорност, поддржувајќи активности од значење за заедницата. Компанијата редовно инвестира во области како што се образованието, здравството, спортот, уметноста, религијата и социјалните иницијативи.
