Човекот што по 70 години откри дека е Македонец – приказната на Питер Далас

October 4, 2025
1 min read

Програмата „Birthright Macedonia“ (Родум од Македонија) која им овозможува на младите од дијаспората да ја откријат својата татковина и да се поврзат со своите корени, има трогателна човечка приказна зад себе – приказната на нејзиниот основач, Питер Далас.

До својата седумдесетта година, Питер живеел во целосно грчко опкружување – одел во грчка црква, се оженил со гркиња и верувал дека потекнува од грчко семејство. Но, едно патување до Македонија му го променило животот. Таму дознал дека неговото вистинско презиме е Делев, а не Далас (од грчкото Делиос), и дека неговите предци потекнуваат токму од Македонија.

„Тоа откритие ме потресе, но и ме ослободи. Ја открив вистината за себе и своите корени. Затоа ја создадов програмата Birthright Macedonia – за да им овозможам и на други, кои можеби цел живот верувале дека се нешто друго, да ја најдат својата вистинска оставнина,“ изјавил Питер во едно од своите интервјуа.

 

Од тогаш, преку оваа програма десетици млади од целиот свет ја посетиле Македонија, живееле со локални семејства, волонтирале во институции и организации, и ја почувствувале земјата на своите предци – не само како туристи, туку како дел од неа.

„Birthright Macedonia не е само програма, туку патување кон идентитетот и припадноста,“ вели Гордан Јорданов, кој денес ја продолжува визијата на Далас, охрабрувајќи нови генерации Македонци од дијаспората да ја откријат својата вистинска приказна.

Статус на социјалните мрежни од Гордан Јорданов

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тројца загинати во катастрофалните поплави во западна Бгарија

Следно

Меџити: Победата во Чаир ќе биде историска, вистинската анкета ќе биде на 19 октомври

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop