Божиновска: Рударството мора да биде двигател на економијата и чувар на природата

October 4, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес ги посети и поздрави учесниците на годишното стручно советување ПОДЕКС – ПОВЕКС 2025, што оваа година се одржува во Охрид под мотото „Рударството низ призмата на одржливиот развој“.

Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека патот кон модерно и одржливо рударство започнува со знаење, иновации и визија, но и со заедничка посветеност на сите чинители во секторот.

 

 

„Споделувањето на идеи, искуства и најдобри практики е патот што нè води кон рударство кое ја почитува природата, ги штити граѓаните и создава долгорочна вредност за државата. Новите технологии денес овозможуваат почиста, побезбедна и поефикасна експлоатација на ресурси, но вистинската одржливост започнува со луѓето – со едукација, поддршка на младите и вложување во нови генерации подготвени за иднината,“ нагласи Божиновска.

Таа потенцира дека одржливото рударство не е само технолошки предизвик, туку процес кој бара знаење, одговорно управување и целосна транспарентност.

„Нашата заедничка одговорност е да создадеме сектор кој ќе биде двигател на економијата и истовремено чувар на природата,“ додаде министерката Божиновска.

Советувањето ПОДЕКС – ПОВЕКС 2025 ги обединува водечките експерти, компании и институции од областа на рударството и енергетиката, со цел размена на искуства и промовирање на одржливи практики кои ќе ја насочат индустријата кон еколошка и технолошка трансформација.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Победата во Чаир ќе биде историска, вистинската анкета ќе биде на 19 октомври

Следно

ФЕРОИНВЕСТ спонзор на престижниот меѓународен натпревар во танци во Скопје

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop