ФБИ ја претресува куќата на Бајден во Делавер, се бараат уште доверливи документи

February 1, 2023
1 min read

Претресот во домот на Бајден наводно се спроведува како дел од истрагата за можно неправилно ракување со доверливи документи

Photo: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

ФБИ го претресува домот на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер, изјави неговиот адвокат, а пренесе Би-би-си. Адвокатот на Бајден вели дека претседателот не барал налог за претрес.

„Се договоривме да соработуваме“,

се вели во соопштението на адвокатот на Бајден, Боб Бауер, додавајќи дека повеќе информации ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата.

Претресот во домот на Бајден наводно се спроведува како дел од истрагата за можно неправилно ракување со доверливи документи.

Овој претрес следеше по проверката на домот на Бајден во Вилмингтон на 20 јануари, кога агентите пронајдоа доверливи документи и беа земени некои од пишаните белешки на Бајден.

Самиот американски претседател дозволил Министерството за правда да ги претресе неговите резиденции, додека инспекторите се обидуваат да утврдат како доверливите документи од времето кога Бајден беше американски потпретседател и сенатор завршиле во неговиот дом и канцеларија.

Истрагата за документите на Бајден ја води специјалниот советник Роберт Хур, поранешен главен федерален обвинител во Балтимор. Тој ја презема функцијата оваа недела, наследувајќи ја повеќемесечната истрага што веќе е во тек од агентите на ФБИ и обвинителите на Министерството за правда.

Кон крајот на минатата година во приватната канцеларија на Бајден беа откриени доверливи документи, а јавноста за тоа дозна минатиот месец. Документите датираат од времето кога Бајден беше потпретседател за време на двата претседателски мандати на Барак Обама. Јавниот обвинител Мерик Гарланд побара од државниот обвинител во Чикаго да го истражи случајот.

Адвокатите на Бајден тврдат дека ги пронашле доверливите материјали во ноември за време на затворањето на канцеларијата на Бајден во Вашингтон

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Како се случи Драгослав Бокан, за кого Македонија е вештачки конструкт што ќе се распадне, да беседи пред Ковачевски и Мицкоски

Следно

Австрија постепено ќе ги укинува сите мерки против Ковид до 30 јуни

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop