ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНЕС „ШИША БАР“ – локалот е запечатен, а внатре се уште стојат овие траги кои сведочат за двојното убиство (ФОТО)

1 min read

Портите на локалот каде што синоќа се случи двојното убиство денеска останаа затворени за посетители

На еден од аглите на објектот од надворешната страна може да се забележи безбедносна камера.

Таа, како и снимките од останатите камери од околните локали и тие од камерите од системот „Безбеден град“ (Safe city), треба да им послужат на истражителите и обвинителите во истрагата за двојното убиство, објавува 360 степени.

Порталот објави и фотографии од пијалаци кои останале недопиени по престрелката вчера како и неистресени пепелници.

Денес како што пишуваат тие во старата скопска чаршија е мирно и ништо не покажува дека вчера таму се случила вистинска крвава драма.

ФОТО:360 степени

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Затворска казна од 8,5 години за рускиот антивоен активист Дмитриј Иванов

Следно

Манчестер Јунајтед го контактирале Кејн

Latest from Blog