ЕУРО2024: Англиските и шкотските навивачи предупредени да внимаваат со германските пива

1 min read

Англиските и шкотските фудбалски навивачи, кои ова лето ќе ги бодрат своите селекции на Европското првенство во Германија, добија предупредување од властите да бидат внимателни при консумирањето на германското пиво бидејќи содржи поголем процент на алкохол отколку пивото во Велика Британија.

Официјалните совети за патување објавени од британското Министерство за надворешни работи ги повикуваат навивачите да „пијат одговорно“, бидејќи алкохолизираните навивачи нема да смеат да влезат на стадионите.

„Пивото може да биде посилно отколку во Велика Британија, затоа пијте одговорно, знајте ги своите граници и почитувајте ги локалните закони. Можеби нема да ви биде дозволено да влезете на стадионот ако пиете премногу“, се наведува во документот.

Британските пива во просек содржат 4,4%, алкохол, додека германските од 4,7% до 5,4%.

Во извештајот се додава дека околу 500.000 британски навивачи се очекува да патуваат на ЕУРО2024, кое ќе се одржи во 10 германски градови од 14 јуни до 14 јули.

Шкотска ќе го започне турнирот против домаќинот Германија во Минхен на отворањето, а Англија во воведното коло ќе игра против Србија во Гелзенкирхен.

Извор: kurir.mk

Претходно

ЕУ заплени 5 милијарди евра руски пари за себе

Следно

Битиќи: Скратена работна недела и просечна плата од 1.100 евра

Latest from Blog