ЕУ заплени 5 милијарди евра руски пари за себе

1 min read

5-те милијарди профит кои Еуроклиар, институцијата што ги чува замрзнати десетиците милијарди евра руски пари, доби дозвола да ги задржи, се еднакви на 1-годишен пакет аранжман од ММФ.

ЕУ се согласи да ги троши парите собрани од профитот од замрзнатите руски средства на купување оружје за Киев. Затоа што е ЕУ, ова не важи за парите што се собрале до 15 февруари 2024, кога земјите членки го изгласаа законот за запленување, туку само за парите по овој датум. Парите собрани до овој датум ќе останат на располагање на Еуроклиар.

Европската комисија објаснува дека овие 5 милијарди ќе му служат на Еуроклиар како бафер за исплатите за тековни и потенцијални идни тужби од Русија. До февруари годинава руски ентитети имаат поднесено 94 тужби во Русија во кои се бара отштета од Еуроклиар, инаку белгиска компанија.

За Украинците ваквата одлука на ЕУ е сулуда и самата сума што се чува не е разумна порачувајќи дека станува збор за премногу пари за да бидат бафер. Својот аргумент тие го поддржуваат со фактот дека Еуроклиар до сега има загуба на приходи од само 34 милиони долари како директна последица на војната.

Според правни експерти, доколку ЕУ го мрдне датумот на запленување пред 15 февруари ќе се соочи со законско минско поле и затоа одбива да и ги даде на Украина парите собрани пред овој датум.

Згора на овие 5 милијарди евра, Еуроклиар како дополнителна заштита може да користи и помош од ЕУ во нето износ од 10% од профитот собран по 15 февруари, а како крајна мерка можат да побараат и помош од ЕУ.

Доколку правните ризици (руските тужби) не се материјализираат до 2027, Еуроклиар мора да ги врати 10% на ЕУ, но не и 5-те милијарди евра профит направен од руски пари во 2022 и 2023.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Две лица нападнале и повредиле 71-годишна жена

Следно

ЕУРО2024: Англиските и шкотските навивачи предупредени да внимаваат со германските пива

Latest from Blog