ЕУ ќе испрати дополнителна помош за Турција

February 13, 2023
1 min read

ЕУ се надева дека ќе обезбеди дополнително финансирање за Турција и Сирија за време на донаторската конференција што ќе се одржи во март во Брисел

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети дека ќе ја зајакне помошта за Турција додека земјата се бори со последиците од разорниот земјотрес од минатиот понеделник.

Во вчерашниот телефонски разговор Фон дер Лејен му соопшти на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека „Комисијата ќе мобилизира дополнителна поддршка и ќе одговори на последното барање на Турција за поголем капацитет за засолништа – особено шатори, ќебиња, греалки“, пренесува Си-ен-ен.

ЕУ се надева дека ќе обезбеди дополнително финансирање за Турција и Сирија за време на донаторската конференција што ќе се одржи во март во Брисел.

Во минатонеделното соопштение, Унијата информираше дека нејзината операција во погодените региони е една од „најголемите досега операции за пребарување и спасување“ извршени преку нејзиниот механизам за цивилна заштита. Вкупно 21 земја-членка на ЕУ и три земји-учеснички досега понудиле 38 тимови за одговор, составени од 1 651 лице и 106 кучиња за потрага и спасување.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Халанд е неизвесен за клучниот меч во Премиерлигата

Следно

Кулеба: На 24 февруари на Путин ќе му биде испратен многу јасен сигнал

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop