Ескобар: Белград и Приштина постигнаа тежок, но неопходен договор

March 19, 2023
1 min read

Ескобар нагласи дека со организација на средбата во Охрид, Северна Македонија докажала дека е доверлив партнер на САД и ЕУ

Без нашите пријатели и сојузници ова немаше да се случи. Ова е уште еден доказ дека Северна Македонија е доверлив партнер што им помага на САД и ЕУ да постигнат регионална стабилност, изјави вечерва во Охрид, американскиот преставник за Западен Балкан, Габриал Ескобар по завршување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, заблагодарувајќи му се премиерот Димитар Ковачевски и на Владата за организацијата на средбата.

Тој ги поздрави и Белград и Приштина за, како што рече, постигнатиот тежок, но неопходен договор за воспоставување на мирољубиви и предвидливи односи меѓу двете страни.

„Тоа не само што ги отвора вратите за евроатланска интеграција на двете земји, туку ја отвора и вратата на регионот за нова ера на мир“,

рече Ескобар.

Американскиот дипломат им се заблагодари и на претставниците на ЕУ за, како што рече, нивната напорна работа за постигнување на овој визионерски момент.

„Можам да ви кажам дека САД ќе се заложат да помогнат во спроведување (на договореното) и тоа спроведување да биде во интерес на двете земји и на регионот. Ќе сториме се што е во наша моќ за да ја поддржиме имплементацијата, и на политички, и на економски и на секој друг начин, за да направиме мирот на Балканот да биде реалност“,

потенцира Ескобар.

Во вилата „Билјана“ во Охрид по долги 12 часа преговори меѓу високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел, специјалниот претставник Мирослав Лајчак и српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, како што беше објавено, беше постигнат договор за анексот за имплементација на договорот помеѓу двете земји за норнмализирање на нивните односи.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Курти: Вучиќ бега од потпишување на договорот, кој значи де факто признавање

Следно

Борел: Србија и Косово се согласија за анексот за имплементација кој заедно со Договорот ќе биде дел од европскиот пат на двете страни

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop