Борел: Србија и Косово се согласија за анексот за имплементација кој заедно со Договорот ќе биде дел од европскиот пат на двете страни

March 19, 2023
2 mins read

Анексот и дќДоговорот ќе се сметаат за усвоени со моја објава. И покрај фактот што на почетокот беше предложен поамбициозен текст, она што страните го прифатија ќе стане составен дел од нивниот пат кон ЕУ. Ние како ЕУ ќе бараме да ги исполнат своите обврски. Неспроведувањето ќе има последици

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, ѝ се обрати на јавноста по повеќе од 12 часа преговори во Охрид со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Борел истакна дека Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија е постигнат на 27 февруари, а денеска се разговарало и договарало како тој да се спроведе.

„Имаме договор и согласност како да го направиме тоа. Косово и Србија се договорија за Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Договоривме кога, кој и како тоа да се реализира. Во рамките на анексот, страните се согласија да ги исполнат сите членови од договорот и да ги спроведат сите обврски без одлагање и со добра волја“,

рече Борел.

Борел рече дека Договорот и анексот се сметаат за потврдени и дека ќе бидат објавени.

Тој го спомна и членот 7 од Договорот, за кој многу се разговарало за „самоуправување на српската заедница на Косово“.

„Овој исход дојде по многу тешки преговори, не се преговара 12 часа за едноставни работи. За да се имплементира членот 7 од договорот, Косово се согласи веднаш да започне преговори со ЕУ во рамките на дијалогот за воспоставување на аранжмани за обезбедување соодветна самоуправа за српската заедница на Косово. Страните, исто така, се согласија да ја поддржат декларацијата за исчезнатите лица како што беше преговарано во рамки на дијалогот како прашање кое е итно“,

рече Борел.

Тој рече дека предложиле поамбициозен текст, но дека партиите не постигнале договор за него.

„Мислам дека тоа е затоа што Косово не беше доволно флексибилно по ова прашање и затоа што Србија претходно изјави дека нема да потпишат иако се подготвени да го спроведат тоа. Анексот и договорот ќе се сметаат за усвоени со моја објава. И покрај фактот што на почетокот беше предложен поамбициозен текст, она што страните го прифатија ќе стане составен дел од нивниот пат кон ЕУ. Ние како ЕУ ќе бараме да ги исполнат своите обврски. Неспроведувањето ќе има последици. Но секако, ако се спроведуваат, ќе имаат многу поволности страните на спогодбата“,

заклучи Борел.

Тој истакна дека се работи за просперитет и безбедност на целиот регион, па и пошироко во геополитички контекст.

„Во понеделник шефовите на дипломатиите ќе се состанат, а во четврток и лидерите на членките на ЕУ и јас детално ќе ги информирам за денешните разговори. Косово и Србија мора да ги нормализираат односите, тоа не може веќе да се избегнува, договорот и анексот се во таа насока многу важни и ние ќе работиме напорно на таа реализација“,

рече Борел.

По состанокот, Борел на Твитер објави: „Имаме договор“.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво продолжи денеска во Охрид под покровителство на Европската Унија, а во фокусот на средбата беше финализирањето на Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти најпрвин, одвоено, се сретнаа со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, а трилатералната средба започна нешто пред 15:30 часот и заврши околу 22 часот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ескобар: Белград и Приштина постигнаа тежок, но неопходен договор

Следно

Чави: Наша победа би била голем удар за Реал

Latest from Blog

Кина: Војна на САД и Израел против Иран не е легитимна

Иранските државни медиуми објавија повеќе детали од состанокот во Пекинг меѓу иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и неговиот кинески колега. Според новинската агенција Тасним, кинескиот министер за надворешни работи Ванг

Коњановски со признание „Менада“ на завршницата на „Танц фест“

Со моќната изведба на „Будење“, во кореографија на Рисимна Рисимкин, синоќа во Народниот театар Битола беше затворено 22-то издание на фестивалот „Танц фест“. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пред почетокот на

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја
Go toTop