Ердоган во посета на регионите на југот од Туркије погодени од земјотресите

1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе престојува во посета на подрачјата на југот од земјата кои се разорени од силните земјотреси, известува „Анадолу“.

Претседателот Ердоган ќе ги посети погодените подрачја и на самото место ќе биде информиран за состојбата на теренот и координацијата на активностите во потрагата и спасувањето.

Како што е планирано, претседателот на Туркије, по обиколката на Кахраманмараш, ќе го обиколи и Пазарџик, а потоа и Хатај.

„Најмалку 6.234 лица загинаа од разорувањата што ги предизвикаа силните земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните региони на Туркије“, потврди Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Расте бројот на жртви од земјотресите во Турција и Сирија: СЗО стравува дека билансот може драматично да се зголеми

Следно

Се проширува капацитетот на градинката „Кокиче” во Кисела Вода

Latest from Blog