Ердоган во Белград ја нагласи важноста на мирот и стабилноста на Балканот

1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ ја истакнал важноста на мирот и безбедноста на Балканот, и важноста на здравиот разум во пристапот меѓу Косово и Србија, јавува Анадолу.

Ердоган престојува во официјална посета на Србија, каде што одржа тет-а-тет средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, по која беа потпишани договори за соработка меѓу двете земји.

„Односите меѓу Туркије и Србија се во своето златно доба“, истакна турскиот претседател на заедничката прес-конференција со Вучиќ.

Тој додаде дека турските инвестиции во Србија во последните 12 години се зголемени од 1 милион на 405 милиони долари.

„Разговаравме за регионалната соработка, ја нагласивме важноста на мирот и безбедноста на Балканот и затоа е важно да се има здрав разум во пристапот меѓу Косово и Србија“, истакна Ердоган.

Тој се осврна и на соработката меѓу двете земји на полето на одбранбената индустија.

„Туркије и Србија имаат можности да ја зајакнат соработката во одбранбената индустрија, но само со цел зачувување на мирот“, нагласи Ердоган и порача:

„Никој да не се обидува да утврди каква треба да биде содржината на соработката во областа на одбранбената индустрија меѓу Туркије и Србија“, додавајќи дека тоа ќе го утврдат самите две земји.

Турскиот претседател се осврна и на прашањето за Палестина. „По 7 октомври 2023 година, девет земји ја признаа државата Палестина. Уште еднаш ги потсетувам земјите кои не ја признаа Палестина да направат таков чекор“, порача тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Прво огласување на новиот газда на Вардар од Унгарија: Ајде да го направиме клубот повторно голем

Следно

Празничен продолжен викенд, колони од возила на граничните премини

Latest from Blog

Меџити: Законот за правична застапеност ќе биде во духот на тоа што нема да му се даде можност на Уставниот во иднина да укинува закони само со просто мнозинство

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска во