Даночни службеници на грчкиот остров Крф изнудувале пари од граѓани и бизнисмени

October 11, 2024
1 min read

Пет лица, четворица даночни службеници и еден сметководител се уапсени на грчкиот остров Крф за изнудување пари од граѓани и бизнисмени, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, во тек е акција на полицијата и Независната управа за јавни приходи за разбивање на корупцискиот скандал на Крф по неколкумесечна истрага.

Уапсените се осомничени дека уценувале бизнисмени и изнудувале пари од нив за да не вршат контроли во нивните бизниси или барале пари од даночните обврзници за да се забрза процесот за поврат на данокот што го имале.

Директорот на Независната управа за јавни приходи на Грција Јоргос Пицилис истакна дека немаат никаква „толеранција за каква било појава на корупција“ и порача дека „никој не е над заклетвата што ја дал да му служи на законот и јавниот интерес“.

Министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис рече дека даночните обврзници бараат државата да биде фер и ефикасна и не трпат појави на корупција.

-Секојдневно даваме се од себе за да го исполниме ова нивно разумно барање. Не правиме компромиси со корупција!, порача Хаѕидакис во писмената изјава.

Овој случај доаѓа само неколку месеци откако беше разоткриен слични корупциски скандал во даночната канцеларија на Халкида на островот Евија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првата дама на Туркије, Емине Ердоган, ја посети градинката на фондацијата „Маариф“ во Белград

Следно

Показна алпинистичка вежба на припадниците на Баталјонот на специјални сили и ЕБР

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop