Ердоган: „Ќе работиме деноноќно додека не ги обновиме погодените градови од земјотресот“

March 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш истакна дека турските власти ќе направат сè што е потребно за да им помогнат на луѓето во областите погодени од разорните земјотреси на југот на Туркије, јавува Анадолу.

Ердоган ги посети погодените од земјотресот, кои престојуваат во Студентскиот дом во квартот Бујукчекмеџе во Истанбул.

„Нашата цел е за една година да го подигнеме на нозе регионот погоден од земјотресите со изградба на 319 илјади домови со сета потребна инфраструктура, како и општествени и деловни објекти, односно вкупно 650 илјади домови“, рече Ердоган.

Тој истакна дека во последните месец и половина по денот на земјотресот завршени се акциите за пребарување и спасување, реализирана е дистрибуцијата на итната помош и брзо се отстранети урнатините.

Додаде дека продолжуваат со изградба на привремени сместувачки објекти, како и со изградба на постојани домови.

Потсети дека граѓаните на Туркије се покрај погодените од земјотресите од првиот ден.

„Исто така, никогаш нема да ја заборавиме меѓународната помош, особено од пријателските и братски земји“, рече Ердоган.

Истакна дека во изминатите денови ги посетиле погодените градови од земјотресите каде присуствувале на свеченостите по повод почетокот на изградбата на новите станбени згради.

„Ќе работиме деноноќно додека не ги обновиме Кахраманмараш, Хатај, Адијаман, Малатија, Газиантеп и сите наши други градови кои претрпеа штети во земјотресите“, рече турскиот претседател.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинати во разорните земјотреси достигна 50.096.

Над 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други на северот на Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мартинез: Роналдо е важен за Португалија

Следно

Германија погодена од најголемиот штрајк на транспортните работници во последните децении

Latest from Blog

Лацио славеше и во Удине за “три од три“

ФОТО:facebook.com/UdineseCalcio1896/ Три натпревари, три победи за Лацио. Екипата од Рим славеше во Удине против Удинезе, и по голем пресврт, беше 1:2 (0:0). Поради исклучителната физичка подготовка на екипата на Џенар Гатузо, тие

Пентагон во август собориле околу 100 дрона на јужната граница на САД- нарко картелите се закануваат

Американската војска даде редок увид во своите операции на јужната граница, откривајќи дека само во август соборила „приближно 100“ дронови за кои се сомнева дека им припаѓаат на картели, потврди за „Фокс

Од „Камп Ноу“ до третата лига во ОАЕ: Кристијан Тељо оди во пензија

Поранешниот крилен напаѓач на Барселона, Кристијан Тељо, на 35-годишна возраст објави дека става крај на професионалната кариера. Шпанецот одигра 512 натпревари во шест различни земји, а најдобрите години ги помина во Барселона,

Трамп ги претстави униформите на вселенските сили на САД- копија од „Војна на ѕвездите“ (ФОТО)

Најновата гранка на американската војска беше предмет на потсмев поради своите футуристички униформи. Сепак, многумина беа изненадени кога Трамп најави нова „Униформа за формална служба“ за воената гранка, наречена „Следна генерација“, што
Go toTop