Емотивна средба на татко и 1,5-годишната ќерка по извлекувањето, 55 часа по земјотресите

February 8, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Едно и полгодишното бебе Масал (од турски „бајка“) е спасено од под урнатините на станбена зграда во турскиот град Кахаманмараш, дури 55 часа по разорните земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните региони на Туркије, известува „Анадолу“.

Бројни спасувачки екипи ги продолжуваат акциите за претрага и спасување во регионите погодени од разорните земјотреси.

Спасителите утрово слушнаа глас од под урнатините, по што ископаа тунел до местото каде што биле заглавени 1,5-годишната Масал и нејзината мајка Јелиз Кираччакли (23).

Спасувачката екипа со големи напори успеа да го извлече бебето на безбедно.

Во тек се напори за спасување и извлекување на мајката, која сѐ уште се наоѓа под урнатините и која на спасувачите им рекла дека со доење ја одржала ќерката во живот.

Таткото Омер Кираччакли на денот на земјотресот, со сопствени напори успеал да се извлече од под урнатините.

Камерите ја забележаа и многу емотивната средба меѓу таткото и неговата ќерка откако таа е спасена.

„Најмалку 8.574 лица ги загубија животите од последиците на разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија јужните региони на Туркије“, потврди претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.

Од последиците на земјотресите и во соседна Сирија животот го загубија 2.530 лица, а 4.645 се повредени.

– Разорни земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Газиантеп спасени 18-месечни близнаци 40 часа по разорните земјотреси во Туркије

Следно

За Комитетот на министри на Советот на Европа нема системска дискриминација врз Бугарите во С Македонија

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop