Во Газиантеп спасени 18-месечни близнаци 40 часа по разорните земјотреси во Туркије

1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Близнаци стари 18 месеци спасени се од под урнатините на зграда 40 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните региони на Туркије, известува „Анадолу“.

Спасувачките екипи на терен работат на спасување на луѓето кои останаа заглавени под урнатините на петкатница во турскиот град Газиантеп.

По 40 часа од земјотресите, од под урнатините се спасени близнаците Амине и Ахмет Елчин.

Извлекувањето на близнаците го снимија екипите на терен.

Спасителите извикуваа „чудото пристигнува“, а бебињата кои во солзи ги извлекоа од под бетонските урнатини, предадени им се на медицинските екипи присутни во областа.

„Најмалку 8.574 лица ги загубија животите од последиците на разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија јужните региони на Туркије“, потврди претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.

Од последиците на земјотресите и во соседна Сирија животот го загубија 2.530 лица, а 4.645 се повредени.

– Разорни земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Малолетничка касната од куче во Радишани

Следно

Емотивна средба на татко и 1,5-годишната ќерка по извлекувањето, 55 часа по земјотресите

Latest from Blog

Министрите Петровска и Кросето ќе потпишат Технички договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО за патролирање над македонското небо

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска во Центарот за