ЕК: Фон дер Лајен не е во игра за нов генерален секретар на НАТО

April 1, 2023
1 min read

– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не е во игра да биде следниот шеф на НАТО, изјави денеска портпарол на комисијата за ДПА.

Извештаите во британскиот весник „Сан“ се „неосновани шпекулации“, рече портпаролот како одговор на прашањето на ДПА.

„Сан“, цитирајќи дипломатски извор, објави дека Фон дер Лајен е во трка за наследник на актуелниот шеф на Алијансата, Јенс Столтенберг, а функцијата требало да ја преземе од октомври.

Британскиот весник, исто така, објави од свои извори дека британската Влада ќе стави вето на назначувањето на Фон дер Лајен врз основа на согледани грешки за време на нејзиниот мандат како германска министерка за одбрана.

Мандатот на Столтенберг беше продолжен до 30 септември 2023 година во март минатата година, непосредно по почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина.

Највисокиот функционер на НАТО ја извршуваше функцијата речиси девет години, а мандатот му беше продолжен трипати, пренесе ДПА.

Неодамна се шпекулираше дека мандатот на 63-годишниот би можел повторно да биде продолжен поради конфликтот во Украина, иако, истовремено, дипломатите истакнуваат дека тоа може да остави впечаток дека НАТО не може да се договори за нов прв човек на организацијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМФЛ: Вардар се распука со Саса, сигурни и другите водечки екипи

Следно

„Разликите се големи“ – Огнената група ќе дејствува како фракција во ДУИ

Latest from Blog

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено
Go toTop