Дводневен Саем на креативни индустрии

November 20, 2023
1 min read

Дводневен Саем на кративни индустрии со фокус на одржливоста ќе се одржи на 28 и 29 ноември во киното „Синеплекс“. На саемот ќе се претстават повеќе од 40 учесници. Настанот е во организација на здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, заедно со „Скопје сити мол“.

Во најголем дел ќе се претстават поединци и мали бизниси од најразлични креативни дисциплини во чиј фокус се одржливоста, креативниот пристап, уникатноста. Предвидено е учество на мали и средни бизници, факултети, организации и платформата „Yes for Less. Освен уникатни литературни изданија за деца, роботика и 3Д принтани фигури, скулптури, гастрономски уникатни производи, мода, дизајн, ќе има и музика во живо со инструменти, видео игри на Нинтендо, електронски решенија од Факултетот за електротехника и информациски технологии, претставување на уникатна храна во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна, мебел и уникатни дрвени производи изработени од остатоци од мебел, органска козметика, стрипови, и многу повеќе.

Новитет на саемот се повеќе едукативни работилници за основци и средношколци што ќе се одржуваат двата дена, како и едукативни презентации на самите штандови. На дводневниот настан посетителите ќе имаат и можност да дегустираат и производи.

Саемот на креативни индустрии е единствен настан каде што на едно место ќе се претстават различни гранки од креативните индустрии, во еден изложбен простор со цел да, да се поттикне домашната креативност, да се прикажат оригинални идеи и сиот потенцијал на креативните индустрии на јавноста. Саемот е осмислен како изложба за креативниот сектор проследена со работилници, настапи во живо, галериско изложување и централна изложба. Соединувањето на цела инфраструктура сочинета од дизајнери, уметници и водечки организации е иницијатива која има за цел да го подигне профилот на креативниот сектор, да ги поврзе организациите кои имаат заеднички интерес во креативните индустрии. Настанот ќе ги обедини сите креативци без оглед од кој сегмент на креативните индустрии доаѓаат.

Саемот за креативни индустрии се организира во два дела, од кои вториот ќе се одржи во Битола на 15 декември во Културен и информативен центар – Битола.

Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Град Скопје и Британскиот совет и Нептун. 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Новите IQOS ILUMA лансирани во Македонија: За иднина без чад од тутун

Следно

Претседателските и парламентарните избори 2024 година треба да се одржат на ист датум, велат од Партијата на Турците

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop