Новите IQOS ILUMA лансирани во Македонија: За иднина без чад од тутун

November 20, 2023
1 min read

реклама


Компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ги лансираше новите уреди без чад – IQOS ILUMA на македонскиот пазар. Овие уреди го претставуваат најновиот и најиновативниот додаток во растечкото портфолио на производи на компанијата, кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот и е наменет исклучиво за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат. За првпат се воведува технологијата на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење.

IQOS ILUMA е досега најиновативен производ на Филип Морис Интернешнал. Kако резултат на одговорот на потребите на нашите корисници, имаме уреди со подобрени перформанси, прилагодени според потребите на пазарот. По неколку производи на IQOS, успеавме како компанија да направиме најиновативен уред што веруваме дека е клучен за забрзувањето на нашата визија за иднина без чад. Докажавме дека како компанија сме двигатели на промените со воведувањето на производи на принципот на загревање на тутунот и оваа наша мисија продолжува понатаму.” – изјави Иван Костиќ, генерален директор на Филип Морис ТКП.

реклама

IQOS ILUMA ќе биде достапен во Македонија со три различни модели – IQOS ILUMA PRIME, IQOS ILUMA и IQOS ILUMA ONE, сите со различен опсег на цени и базирани на технологија за индукциско греење, што е новитет кај овој производ. Уредите нудат различни дизајни за да им овозможат на корисниците да изберат што најмногу одговара на нивните потреби и преференции.

Со постојано унапредување на портфолиото на производи без чад, компанијата ја потврдува својата посветеност на мисијата – иднина без чад од тутун и продолжува да ја води трансформацијата на тутунската индустрија кон намалување на штети. Бројот на пушачи, во многу земји кои интензивно ја спроведуваат стратегијата за намалување на штети е значително намален со користење на алтернативни производи без чад, како што се уредите за загревање на тутунот. Компанијата Филип Морис, како светски лидер за овој вид производи, продолжува да придонесува со овие позитивни промени, како на светскиот така и на македонскиот пазар.

реклама

На глобално ниво, производите без чад на Philip Morris се продаваат на повеќе од 82 пазари. Денес, преку 27,4 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 72% целосно се откажале од пушењето, или повеќе од 19,7 милиони.

Новите уреди се достапни на сите IQOS продажни локации низ државата и онлајн преку IQOS веб-страницата, од 20 ноември, 2023 година.

реклама



EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кина се противи на принудното раселување на Палестинците од Газа, повикува на прекин на огнот

Следно

Дводневен Саем на креативни индустрии

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop