Две вагон-цистерни со фосфорна киселина се излизгале кај Зајечар во Србија, нема опасност по животите на луѓето

January 27, 2023
1 min read

За време на инцидентот, цистерните не се оштетени, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина

Две вагон-цистерни со фосфорна киселина, денеска во 8:40 часот, се излизгаа од шините во градот Зајечар во источна Србија. Инцидентот се случил на четвртата пруга кај железничката станица „Зајечар“.

„За време на инцидентот цистерните не се оштетени, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина“,

соопштија од компанијата „Железничка инфраструктура на Србија“, а пренесе РТС.

Двете цистерни кои се излизгале биле дел од товарниот воз кој има дванаесет вагони, а се излизгале осмиот и деветтиот вагона од локомотивата.

За излетувањето од шините биле информирани претставниците на Противпожарната служба, а железничкиот сообраќај на овој дел од пругата не е во прекин.

Во Србија за краток период се случија неколку несреќи поврзани со превоз на опасни материи.

Во Суботица, на северот на Србија, на 24 јануари три вагон-цистерни со пропилен (гас што најчесто се користи како енергија за согорување или гориво) излетаа од шините.

Тогаш немаше истекување на пропилен и немаше опасност по луѓето, имотот и животната средина, а причините за лизгањето ги утврдува Железничката комисија, соопшти тогаш „Железничката инфраструктура на Србија“.

На 12 јануари во вечерните часови од цистерна во населбата Топола во Панчево имало истекување на раствор од амонијак.

Сопственикот и возачот на камионот-цистерна се уапсени под сомнение дека предизвикуваат општа опасност и ја оштетиле животната средина, а надлежните соопштија дека овој инцидент не предизвикал последици од опасна закана по здравјето и безбедноста на луѓето.

На крајот на декември четири од 20 вагон-цистерни што превезуваа амонијак излетаа од шините кај Пирот. По несреќата, повеќе од 50 лица беа хоспитализирани поради симптоми на труење. Еден ден по несреќата, министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека причината е лошата инфраструктура.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопјанец фатен со прашкаста материја во Чаир

Следно

Шолц потсети на одговорноста на Германија за холокаустот

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop