Двајца ученици од С Македонија повредени во силниот земјотрес во Турција

February 6, 2023
2 mins read

Како што информираат од МНР, двајцата повредени ученици заедно со својот ментор/наставник биле дел од деветчлена група која земјотресот ја затекнал во градот Кахраман Мараш, во југоисточниот дел на Турција, каде што престојувале преку програмата „Еразмус плус“

Од МНР информираат дека ниту учениците ниту менторот се во животна опасност

Двајца македонски државјани се повредени во разорниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтеровата скала што утрово го погоди југоисточниот дел на Турција, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Од МНР информираат дека преку Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул внимателно се следи ситуацијата во југоисточна Турција по силниот земјотрес/Фото: „360 степени“

Како што информираат оттаму, станува збор за двајца ученици кои заедно со својот ментор/наставник биле дел од деветчлена група која се затекнала во загрозениот регион во Турција, каде што престојувале преку програмата „Еразмус плус“.

Македонските претставништва обезбедиле информации и стапиле во контакт со деветте наши државјани.

Во земјотресот, според информациите од МНР, двајцата ученици, чија возраст не е наведена во соопштението, се здобиле со телесни повреди, од кои едниот со потешка.  

Од МНР информираат дека ниту учениците ниту менторот се во животна опасност.

„Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивни ментор/наставник, кои преку програмата ‘Еразмус плус’ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не се во животна опасност“,

се наведува во соопштението од МНР.

Учениците и нивниот ментор, според информациите од МНР, се наоѓаат во градот Кахраман Мараш, каде што по инструкција на МНР веќе е упатен дипломат од Амбасадата во Анкара за да помогне во евакуацијата.

„По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции“,

велат од МНР.

Провинцијата Кахраман Мараш во југоисточниот дел на Турција/Фото: Википедија

Оттаму информираат дека МНР преку Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул внимателно ја следи ситуацијата во југоисточна Турција по силниот земјотрес рано изутринава, и во континуитет известува за состојбата во загрозените подрачја.

„Информациите од теренот упатуваат за исклучително силен земјотрес со големи последици по животите на луѓето затекнати во погодениот регион; голем број жртви кои надминуваат неколку стотици граѓани, голем број повредени лица, како и сериозна материјална штета која ја отежнува состојбата на терен“,

се посочува во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Досега нема информација за други наши државјани што се наоѓаат во загрозена состојба или на кои им е потребна асистенција, велат од МНР.

Урната зграда во Дијарбакир / ФОТО: EPA-EFE/REFIK TEKIN

Сепак, нашите претставништва остануваат во континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција така и со наши граѓани кои се информираат за состојбите на терен.

Од МНР уште еднаш потсетуваат дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви:

  • +905394569710 во Анкара,
  • +905456149777 во Истанбул
  • СОС-телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи претходно денеска преку објава на Фејсбук најави помош за Турција, а подготовките за нејзино испраќање, како што напиша, се веќе во тек.

Во меѓувреме Црвениот крст на Северна Македонија информира за отворени сметки и телефонски броеви на кои сите заинтересирани правни субјекти и граѓани може да донираат парична помош за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сочувство до градоначалникот на Газиантеп, Р.Турција 06.2.2023

Следно

АФАД: Во Туркије досега загинаа 1.014 луѓе од земјотресите со епицентар во областа Кахраманмараш

Latest from Blog

Кина со жестоки критики кон САД пред пристигнувањето на Трамп: Престанете да нѐ оцрнувате

Да ве потсетиме дека минатата недела американскиот Стејт департмент санкционираше десет лица и компании од Кина и Хонг Конг, обвинувајќи ги дека директно ѝ помагаат на иранската армија. Овој потег на Вашингтон

Се готви ребаланс на Буџетот, Димитриеска-Кочоска ги почна состаноците со ресорните министри

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на социјалните мрежи информира дека денеска ги започнала состаноците со ресорните министри за подготовка на ребаланс на Буџетот за 2026 година. Прв на средба со

Проданоски: Преку културни содржини ја чуваме легендата за Крал Марко

Во духот на традицијата, историјата и културното наследство, Општина Прилеп и оваа година ја организира манифестацијата „Денови на Крали Марко“, посветена на легендарниот јунак Крал Марко, симбол на храброста, правдата и непокорот.
Go toTop