На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

November 25, 2026
2 mins read

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет важен услов за премин од изградба во оперативна фаза.

Според најавите на компанијата, комерцијалното производство се очекува до крајот на 2026 година, по успешното производство на првиот концентрат од бакар и злато. Проектот претставува значаен чекор во развојот на нови рударски капацитети во Европа и во зголемувањето на регионалното производство на стратешки метали.

„Со четирите филтер-преси кои сега се во функција, постигнавме уште една важна пресвртница во процесот на активирање на ’Скуриес‘“, изјави извршниот директор Кристијан Милау.

Рудникот располага со залихи од повеќе од 4,6 милиони тони руда, обезбедувајќи стабилна основа за почетокот на производството. Додека Грција го реализира својот рударски потенцијал и се позиционира како нов производител на бакар и злато, во Северна Македонија потенцијалот на Иловица останува надвор од производствените процеси.

Експертите во Македонија неодамна се осврнаа на значајните капацитети на рудникот во соседната држава, додавајќи дека истражени големи капацитети на бакар кај нас засега поседува само наоѓалиштето во Иловица. Универзитетскиот професор и геолог, Ѓорѓи Димов, Иловица ја спореди со двете наоѓалишта во Грција, односно на Халкидики, за кои кажа дека се на само двесте километри од нас, од кои едното е на десет километри од плажите, а другото на 1,5 километри од морето. Професорот нагласи дека тамошните рударски проекти се странски инвестиции, преку големи странски корпорации коишто работат со свои грчки филијали. Тоа се странски инвестиции, како што додаде, коишто инвестираат во еден сериозен систем, не само на експлоатација и екстракција, туку и на сериозен систем на мониторинг за заштита на животната средина.

„Тоа е едно големо наоѓалиште, коешто голем дел од него е истражено и е многу слично со оние наоѓалишта во Грција и по генетски тип припаѓаат на ист тип на порфириски наоѓалишта на бакар и злато коишто веројатно ќе се експлоатираат на ист начин на којшто се експлоатираат грчките наоѓалишта, иако нашите геолози имаат пресметано поголеми резерви во Македонија. „Иловица-Штука“ е и тоа како интересна за експлоатација и повеќе од јасно е дека многу лесно може да биде издржан рударски проект“, заклучи Димов.

Минатиот месец, Европската Комисија му додели на „Скуриес“ статус на стратешки проект, што може да го забрза процесот на издавање дозволи и да го олесни пристапот до финансирање, додека рудникот го зголемува производството. „Скуриес“ е еден од 46-те проекти избрани во рамките на иницијативата на ЕУ за зајакнување на пристапот на Европа до критичните суровини. Овој статус овозможува побрзо издавање дозволи и помош при обезбедување јавно и приватно финансирање, но не претставува обврска за директно финансирање од страна на Комисијата.

Рудникот на почетокот на октомври беше и свечено пуштен во употреба, а грчкиот премиер Киријакос Мицотакис тогаш изјави дека проектот е „глас на доверба“ во грчката економија. Мицотакис истакна дека тој е одраз на „земја која може да привлече странски инвеститори преку својот кредибилитет“, додавајќи дека Грција мора да одржува доследност и јасни правила за инвеститорите.

„Проектот Скуриес може да го отвори патот за идни инвестиции, особено во северна Грција, регион кој поседува значително неискористено минерално богатство“, нагласи премиерот.

Тој додаде дека во проектот се вложени повеќе од две милијарди долари и дека тој можеби претставува најголемата странска производна инвестиција во Грција во последните децении. Мицотакис ја нагласи важноста од поддршката на локалната заедница, укажувајќи на потенцијалните придобивки од проектот, како за регионот, така и за националната економија. Тој појасни дека рудникот ќе произведува не само злато, туку и бакар – суровина што е од клучно значење за „зелената транзиција“, вклучително и за производството на електрични возила и мобилни телефони. Во услови на геополитичка неизвесност, тој нагласи дека домашното производство на критични суровини е од суштинско значење за зајакнување на индустриската конкурентност на Европа.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Latest from Blog

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за
Go toTop