Доколку дојде до неисполнување на проектот за модерно Скопје, товарот нема да е кај мене, вели Арсовска

April 28, 2023
1 min read

-Товарот на неисполнување на програмата за модерно Скопје, доколку дојде до тоа, не е на мене туку на оние партиски луѓе кои одеа од врата на врата, ја презентираа програмата, а сега не ја поддржуваат, вели за „Студио 10“ Данела Арсовска.

– Доколку дојде до неисполнување на проектот за модерно Скопје, товарот нема да е кај мене, туку кај останатите партиски елити кои ме поддржуваа, одеа од врата на врата, сега саботираат. Ние имаме политичари што ништо не ги интересира освен личен бенефит. Да не беше така досега ке имавме реализација. Јас како градоначалничка ке направам се за да се реализира таа програма, појасни таа. 

Во насока на реформите во јавниот превоз, Арсовска вели дека има поделени размислувања од страна на политичките крила. Според неа на повекето само провизија им се врти во главата.

– Јас сум човек кој сака да направи променни и покрај себе ги имам само граѓните. Саботажата што ја прават во советот ке им се врати како бумеранг. Дали поради лична суета или неможат да имаат удел во реализацијата, не знам. Граѓаните ќе препознаат и ќе го дадат својот глас на следните избори. Јас поддршка добив од 120 000 илјади граѓани, вели градоначалничката.

Арсовска додава дека автобуси се потребни за Град Скопје и конечно реформа на системот кој не е сменет 40 години.

– Јасно е за сите политичари и граѓани дека автобуси ни требаат. Има проблем во ЈСП. Ситем кој не е сменет 40 години. Вие имате систем кој е прилагоден на овој град и начинот на фрекфенција до пред 40 години. Од тогаш не е сменет. Некој го саботира процесот да трае подолго, за граѓаните да чекаат. Граѓаните по 40 минути седат на авотбуските постојки и таа нервоза се пренсе на град Скопје. Секој еден човек, чека поради овие советници. Не може да зборат дека ги сакаат, а да ги саботираат. Досега ке имавме јавен бесплатен превоз. Имаме популисти кои удоволуваат на своите партиски лидери наместо да им помогнат на граѓаните, појасни таа за превозот во главниот град. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изгоре осумкатница во Измир, пожарот ставен под контрола

Следно

Шојгу: Целта на Западот во Украина е да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Latest from Blog

Руски гранати погодија станбена област во Источна Украина

СКОПЈЕ (АА) – Русија ја гранатираше украинската област Доњецк, уништувајќи три куќи, известува Анадолу. Русија изврши напад врз местото Костјантинивка, во Доњецк, предизвикувајќи пожари од кои се запалија неколку број куќи. Експлозиите

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес

Македонските млади ракометарки дел од програмата „Почитувај го твојот талент“

Дел од македонските млади ракометарки кои се со младинската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора беа учеснички на програмата „Почитувај го твојот талент“ организирана од Европската ракометна федерација (ЕХФ). На собирот

Висок американски дипломат: „Страните се согласија за чекорите со кои ќе се стави крај на ситуацијата во Сирија вечерва“

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека сите страни се согласиле за „конкретни чекори“ кои ќе овозможат прекин на судирите во Сирија, известува Анадолу. „Ги ангажиравме сите страни

СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна

Според нив реалноста што граѓаните ја чувствуваат е дека за една година Македонија никогаш не била понебезбедна од сега, бидејќи далеку сме од држава во која владее ред, правда и одговорност, како
Go toTop