Добра вест за „кралевите“: Килијан Мбапе сака да си оди од ПСЖ

March 9, 2023
1 min read

ПСЖ и оваа сезона нема да стигне до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампиони. „Светците“, сезоната во елитното натпреварување ја завршија во осминафиналето. Баерн во двата натпревари победи со вкупен резултат 3:0.
Килијан Мбапе беше многу реален во својот коментар по елиминацијата од Баерн.

„Многу сме разочарани. Мораме да се свртиме кон други предизвици. Баерн има тим изграден за да ја освои Лигата на шампионите. Што се однесува до нас, ова беше максимумот. Немаме избор, мора да се вратиме на секојдневниот живот, а тоа се натпреварите во Лигата 1“, рече Мбапе.

По елиминацијата во осминафиналето прашање е дали Мбапе ќе сака да остане во Париз и наредната сезона. Неговиот договор со клубот истекува во јуни 2024 година.

„Не знам што би рекол на таа тема. Сега би сакал да зборувам само за актуелната сезона, ништо друго не ме интересира. Мирен сум, да видиме како ќе заврши се, па потоа ќе зборувајте за мојата иднина“, изјави Мбапе.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Јапонија уапсени три лица поради пиење од „заедничко шише“ соја-сос

Следно

Зеленски: Во руските напади во текот на ноќта има загинати и ранети

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop