Директорот на училиштето во Кисела Вода: Децата беа вратени во училиште по потврдата од МВР дека може да се направи тоа

March 1, 2023
1 min read

По денешната објава на Скопје Инфо во врска со евакуацијата на учениците во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во населбата Кисела Вода, попладнево со реакција до редакцијата на Скопје Инфо се јави директорот Андреја Стојанов. Тој во целост ги демантира тврдењата изнесени од страна на анонимниот родител. 

Информацијата за поставената бомба беше добиена во 8.30 часот по што веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи, појаснува директорот Андреја Стојанов.Тој додава дека враќањето на децата во училиште клупи е направено по изврешените проверки од страна на службите за антитероризам и потврдата дека безбедно е децата да се вратат во своите училници. 

– Настанот за кој пишувате, односно вежбата „Земјотрес 2023“ започна еден час потоа, и на истиот беа присутни припадници на МВР, ДЗС, ППБ и Црвен крст. Повторувам настанот се случи откако Едниница за Антитероризам нé извести дека по проверката училиштето е безбедно, децидно вели тој. 

Стојанов потенцира дека како директор никогаш не би ја довел во прашање сигурноста на учениците, вработените, поканетите гости, но и лично својата безбедност. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бебе извлечено од смачканиот воз во Грција

Следно

Москва: Нема нуклеарен договор додека САД не ја сменат политиката кон Украина

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop