Screenshot

Димитровски: „Битфест“ и „Зимска приказна“ се позитивен пример за целата држава

May 23, 2026
1 min read

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, реагираше на, како што вели, „неумесните“ критики од советник во Советот на Општина Битола, кој во спонзорирано видео на социјалните мрежи ги поврзал зборовите „фекалии“ и „култура“, алудирајќи на културните манифестации во градот.

Димитровски порача дека е „лошо да се лаже, посебно кога фактите и делата говорат повеќе од зборовите“, нагласувајќи дека Битола заслужува современа инфраструктура, но и врвна култура, спорт, здравство и образование.

Тој посочи дека Општина Битола изминатите четири и пол години работи на рамномерен развој на сите полиња, додавајќи дека во буџетот за 2026 година за инфраструктура се предвидени над 900 милиони денари, додека за култура се издвоени нешто помалку од 40 милиони денари, што, според него, е 22 пати помалку или околу 1,9 проценти од вкупниот буџет.

„Поентата на видеото е опасна замена на тези дека прво требало сè да се среди во градот, па потоа да има култура и уметност“, наведува Димитровски.

Тој ги истакна зимскиот фестивал „Зимска приказна“, „Битфест“, како и бројните културни манифестации и настани организирани од институции и здруженија на граѓани, кои се поддржани од Општина Битола.

Димитровски потенцираше дека културниот идентитет на Битола е препознаен и надвор од државата, потсетувајќи дека веб-страницата Timeout неодамна го вброила градот меѓу топ 5 европски локации што вреди да се посетат.

„Почитувањето на вредностите на сопствениот град е причина повеќе за да бидеме почитувани во европски и светски рамки“, истакна Димитровски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку еден загинат и десетици повредени во експлозија на бродоградилиште во Њујорк

Следно

„Сите на Велосипед 2026“: Прилеп ја слави велосипедската традиција

Latest from Blog

Заслужено: Бруно Фернандеш е играч на сезоната во Премиер лигата

Капитенот на Манчестер Јунајтед, португалскиот интернационалец, Бруно Фернандеш е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата. Тој ја заслужи оваа награда со импресивната статистика од осум постигнати гола и дури дваесет

Проданоски: Сè повеќе млади ја продолжуваат фолклорната традиција

Синоќа во Прилеп започна 52. издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, еден од најзначајните настани посветени на зачувување на македонската изворна музика и културно наследство. Градоначалникот на Општина

„Сите на Велосипед 2026“: Прилеп ја слави велосипедската традиција

Општина Прилеп ја најави традиционалната рекреативна велосипедска манифестација „Сите на Велосипед ’26“, која оваа година одбележува 20-годишен јубилеј. Настанот ќе се одржи на 25 мај 2026 година, со почеток на собирање од

Најмалку еден загинат и десетици повредени во експлозија на бродоградилиште во Њујорк

Пожарникарите веќе биле на местото на настанот кога се случила експлозијата. Тие одговориле на пријава за пожар во подрум во кој биле заробени двајца работници. Експлозијата се случила додека се бореле со

Министерство за финансии: Засилени контроли во финансискиот сектор – Одземена дозвола за работа на финансиско друштво

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва во земјава, откако вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин открил сериозни прекршувања на законските обврски и неправилности во
Go toTop